Skip to main content

И Хелена има комплекси

За нејзиното тело покојниот моден магнат Џани Версаче изјави дека е најсовршеното тело на светот, но и покрај тоа, како и секоја друга жена и Хелена Кристенсен има сомневања за својот изглед.

 |  Маја Савиќ  | 
helena
Хелена

За нејзиното тело покојниот моден магнат Џани Версаче изјави дека е најсовршеното тело на светот, но и покрај тоа, како и секоја друга жена и Хелена Кристенсен има сомневања за својот изглед.
helena
Имено, на лансирањето на најновата кампања за долна облека на познатата марка “Triumf”, манекенката изјави дека се уште има некои комплекси кога станува збор за нејзиното тело и дека како и секоја жена на светот и таа се грижи за нејзиниот изглед.


helena“Секоја манекенка која ја познавам ги има истите комплекси како сите жени. Не е лесно да излезете на плажа во бикини без грам сомнеж, додека некое списание црта плави кругови околу несовршените делови од вашето тело”, изјавила 42 годишната манекенка.

Имено, 180 сантиметри високата убавица и мајка со данско и перуанско потекло, за прв пат беше отриена на 18 години кога победи за Мис Данска и оттогаш ги исполнува страните на сите познати светски списанија поврзани со мода и убавина.

helena

{loadposition content9}