Skip to main content

Народен театар Охрид

Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора” повторно на репертоарот во четврток и петок

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
 |  инфодеск  | 

Повторно на барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора” од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, на репертоарот на Народен театар Охрид во деновите 14-ти (четврток) и 15-ти (петок) март 2024 година.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Почеток на претставата во 20.00 часот на сцената во мала сала, цена, на карта 250 денари. Напомена: Билетите се пуштаат на билетара во понеделник 11.03.2024 година, од 09.00 до 19.00 часот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип ПРВ ДОЈДЕН-ПРВ УСЛУЖЕН (една личност може да купи најмногу 6 карти).