Skip to main content

Хитлер имал син кој во Втората светска војна се борел против силите на својот татко

Адолф Хитлер можеби имал син во врска со француска малолетничка, која ја запознал за време на првата светска војна, пишува парискиот магазин Ле поинт.

 |   | 
Hitler i lor
Хитлер и Жан Мари Лор

Адолф Хитлер можеби имал син во врска со француска малолетничка, која ја запознал за време на првата светска војна, пишува парискиот магазин Ле поинт. Синот на Хитлер, дури за време на втората светска војна се борел на страната на сојузниците, покажуваат истражувањата.

Хитлер и ЛорЖан Мари Лор, кој починал 1985 година, верувал дека бил син на диктаторот, не само затоа што многу наликувал на него, туку затоа што приказната му ја кажала неговата мајка. Лор никогаш не го запознал неговиот татко, но пред смртта на мајка му тој ја дознал вистината.

Лор во 1981 година напишал книга под наслов „Твојот татко се вика Хитлер„, а наскоро ќе биде преиздадена, на која се забележуваат фотографии на кои се гледа нивната сличност.

Според зборовите на Шарлот Лобџоа, мајката на Лор, таа го запозната Хитлер во градот Фурн ин Веп, западно од Лил, во јуни 1917 година, кога таа имала 16 години. Хитлер се борел против Французите и кратко време престојувал во овој град.
Hitler i lor
“Еден  ден додека косев сено, заеддно со останатите жени, забележав еден германски војник, од другата страна. Тој носеше тетратка и на неа нешто црташе. Нам ни беше интересно тоа што го правеше„ -изјавила Шарлот мајката на Лор.

Двјацата се запознале и често оделе во природа каде тој и објаснувал за некоја имагинарна публика. Хитлер, зборувал само германски, а мајка му малку го разбирала. Вистината Лор за неговиот татко ја дознал во 1950 година кога неговата мајка умрела. Инаку, веднаш по неговото раѓање Лор бил даден на посвојување, така што не можел веднаш да ја дознае вистината.

{loadposition content9}