Hommo Rex
Во Научниот музеј во Лондон е претставен бионички човек од милион долари, кој што има синтетичка крв и најнови механички протези.
Во Научниот музеј во Лондон е претставен бионички човек од милион долари, кој што има синтетичка крв и најнови механички протези.
Станува збор за дело на тим од роботички експерти направено за потребите на новиот документарен филм на телевизиската куќа “Channel 4”, наречен “How to Build a Bionic Man”.
Цената на овој робот изнесува точно еден милион долари. За неговата изградба се користени најновите механички протези, а има и вештачки бубрези, панкреас, слезина, душник, како и функционален крвоток.Во главата му е вградена и вештачка мрежница, па роботот може да ги види објектите пред себе. Вградени му се и кохлеарни инпланти, се со цел да може да слушне што се случува околу него. Исто така, и главата му е прикриена со вештачка кожа.Роботот поседува и вештачка интелигенција, како и систем за говор, што му овозможува разбирање на едноставни реченици и одговарање на прашања.
Значи, овој робот може да оди и да зборува, а вели и дека името му е Рекс, пренесува “Sky News”.Целта на изработката на овој робот е да се покаже колку е развиена медицината и колку е едноставно денес да се направи нешто што пред десет години изгледаше како научна фантастика.
Клер Матерсон, која што работи за фондот “Wellcome”, кој што ја поддржа оваа изложба, изјавува: “Низ целата историја луѓето отсекогаш барале начини на кои што би можеле да се подобрат.Барале и помош со која што би можеле да ги надополнат своите недостатоци, да станат поголеми, подобри, побрзи и посилни. Овие цели, науката и фантастиката секојдневно ги прават се поблиски и пореални.Доволно е само да ги разгледаме минатогодишните Параолимписки игри и ќе видиме како науката и технологијата ја трансформираат сегашноста”.
{loadposition content9}