Хороскопските знаци и храната
Овен
Голем гурман, го посолува јадењето пред да го проба, сака и да го забибери, обожава скара, маслинки, сирење и студени газирани пијалaци. Често пати заборава да јаде, но затоа кога ќе седне не знае за доста. Кога е гладен, станува раздразлив и го боли глава.
Астро совет: иако повеќе сакате мешани нозе под маса отколку мешано месо, немојте да ја прескокнувате овошната торта, поради железото кое му е потребно на вашиот организам.
Бик
Не сака да го вознемируваат додека јаде, а по јадењето сака на мира да ужива во турско кафе. Секогаш ви нуди нешто за грицкање, а кога ќе наминете дома кај Бик, за минута ќе ви подготви нешто за закуска, ќе ве понуди со тукушто зготвено јадење, бидејќи тој сака да јаде со лажица.
Астро совет: Иако го обожавате ајварот, топлата погача и сувомеснато со чаша црно вино, немојте да ја одбегнувате морската риба, поради јодот кој поволно делува на работата на тироидната жлезда – вашата „Ахилова петица“.
Близнаци
Сите видови инстант храна се идеален избор за сите Близнаци, кои и не се сеќаваат кога последен пат стигнале да јадат. Сепак кога поминуваат покрај некоја фурна и ќе го почувствуваат мирисот на пецивата и топлите сендвичи, на патот до работа, постојано нешто грицкаат. Ако се гладни, стануваат нервозни и помалку помнат.
Астро совет: Наместо жешка пица и леден чај, навечер покрај ТВ, пробајте овошни мусли со млеко или јогурт – извор на витамин Б, неопходен за вашиот организам.
Рак
Бидејќи е нервозен кога е гладен, секогаш ќе најде време за добар залак и добра голтка. Иако повеќето Ракови уште во раната младост ќе го испијат тоа што им е судено, па после посакуваат да отворат кафуле или ресторан, каде ќе бидат барем домаќини. Секако ништо не е вкусно како ручекот на мама и домашниот сладолед на вујна, но додека стигне до нив – помина цел ден.
Астро совет: Грицнете нешто помеѓу оброци и немојте да ги прескокнувате, бидејќи тоа не му годи на вашиот желудник кој е ваша слаба точка.
Лав
Лавовите како и Ракот уживаат во вистинска гозба, во двојка или поголемо друштво, иако ќе умеат да уживаат во храната и ако се сами. Сакаат риба, лигњи, а сакаат и да измислуваат специјалитети, а кога Лавот подготвува ручек, го одбира најдоброто парче месо, најсвежиот зеленчук, прави чоколадни колачи и служи само испробани пијалоци.
Асто совет: Иако за вас -„додека не пробам лав, за мене цар на животните е свињата“ обидете се од време на време да јадете овошје цел ден или барем почнете го денот со цеден сок од грејпфрут кој и годи на вашата слаба точка-крвните садови.
Девица
Бидејќи е пребирлива, а ја бие глас и дека е ориентиирана кон здравата исхрана, Девицата затоа сака сувомеснати производи – чварки или сланина, ситно насецкани на свеж леб. Умее добро да готви, постојано нешто експериментира, но успешно, па домашните ќе се „испотепаат“ околу тенџерето со сарма, додека во кафеана најмногу сака да порача скара (плескавица), со чаша црно вино.
Астро совет: Иако ги обожавате тортите и црното чоколадо, кога ќе застанете на вага ќе се сетите дека го сакате и црното грозје.
Вага
Светот навистина би бил поубав кога би се живеело од колачи – така размислува една Вага, додека ја гризе совест, поради третото кафе со шлаг и втората доза карамел крем, иако и за желето од киви и течат лиги.
Астро совет: подобро ќе гладувате, отколку да бидете елегантно пополнети, сокријте ја теглата со слатко од јаготки бидејќи никогаш не се знае што ќе и се случи кога ќе добиете „напад за слатко“.
Скорпија
Еден од трите најголеми хороскопски знаци – гурмани, ужива во храната, мерка што да јаде, попатно пијуцка, за да не го „фати мезето“, чорбичка…ако мора, но „конкретна“ храна (шницли , печење под вршник, свадбарска зелка) и годи на Скорпијата, па уште ако има луто пиперче…тоа е вистинска гозба.
Астро совет: Ако веќе умеете да им одолеете на колачите, а сте маж, пробајте така и со келнерките, кога ќе седнете со друштво во кафеана.
Стрелец
Сака да проба сè што е ново. Стрелецот подеднакво ужива кога јаде кебапчиња и лепче и кога јаде некое егзотично јадење со шафран или ориентален ориз, се разбира со разладено розово вино.
Астро совет: Ако сте вечерале во ресторан, паркирајте ја колата подалеку за да прошетате, бидејќи така барем малку ќе ја дотерате линијата.
Јарец
Не сака промени, традиционалиста е и по прашањето на исхраната, но сака понекогаш нешто да подготви за јадење, па и да е набрзина, а домашните ќе се одушеват и само ќе делат комплименти. Омилено јадење му е козјото сирење и црно вино, а од овошје вишни, но со чоколаден прелив.
Атро совет: Убаво е што знаете некои работи подобро од лекарите, но би било уште поубаво ако ги примените во вашиот начин на исхрана, поради покачениот холестерол.
Водолија
Го прескокнувате појадокот, малку нешто грицкате, но затоа навечер гледате да надокнадите она што сте го пропуштиле. Водолијата се опушта дури кога ќе го помине куќниот праг и ќе ги почувствува мирисите на кујната. Сака гурманска храна, не било што- крем чорби од зеленчук, пити, шунка и пршута, сирење и маслинки, а на крај, задолжително нешто благо.
Астро совет: ако саканата личност сеуште не открила како да ве задржи дома – веројатно сеуште не научила да готви.
Риби
Не јадат и не пијат било што, бираат специјалитети (месо, риба, морски плодови, салати) – мора да биде вкусно и квалитетно. Иако делува како расеан професор, машката Риба, уште од врата го нарачува својот омилен пијалок, а може да испие повеќе чаши без да има промени во расположението.
Астро совет: Бидејќи умеете да испиете, а при тоа оставате впечаток дека сте трезни- пробајте еднаш неделно да пиете само вода. Ако никој не забележи, ќе забележите вие – по обемот на струкот.
{loadposition content9}