Skip to main content

Зошто храната подготвена со љубов е повкусна?

Храната, во чија подготовка готвачот вложил труд и нежност, навистина има подобар вкус, открива студијата на Универзитетот Мериленд, пренесува Daily Mail.

 |   | 
hrana
hrana

hranaХраната, во чија подготовка готвачот вложил труд и нежност, навистина има подобар вкус, открива студијата на Универзитетот Мериленд, пренесува Daily Mail.

Каков е вкусот на храната зависи за тоа како ги перцепираме луѓето кои ја подготвиле. Поради тоа вас ве воодушевува кулинарската умешност на семејството и пријателите, а тоа говори за вашата длабока врска со нив, тврдат научниците.

hrana– Начинот на кој ги толкуваме намерите на одредени луѓе ги менуваат нашите физички чувства. Добрите намери можат да ја ублажат болката и да го зголемат задоволството, а поради нив и ручекот има подобар вкус. Изгледа ги користиме туѓите намери за да не водат низ основното физичко искуство, тврди професорот Курт Греј.

Не е ни чудо што прехранбените гиганти во своите рекламни кампањи користат љубезни стари баби и насмеани мајки, бидејќи мислат дека на тој начин ќе го зголемат уживањето во храната, а со тоа и ќе привлечат повеќе купувачи. На тој начин добрите намери треба да доведат до поголемо уживање.


{loadposition content9}