Или ќе ослабне или нема свадба
Џесика Симпсон долго време се бори со вишокот килограми, но овојпат навистина ќе мора да почне диета.
Џесика Симпсон долго време се бори со вишокот килограми, но овојпат навистина ќе мора да почне диета. Нa тоа ја натерал нејзиниот свршеник Ерик Џонсон. Американските таблоиди пишуваат дека Ерик воопшто не бил задоволен од сe поширокиот струк на својата свршеница.
За да му угоди на својот иден сопруг, Џесика прилично се потрудила. Неименувани извори тврдат дека таа се откажала од омилената мексиканска храна и од секаква пржена храна.
Ерик е во совршена форма и сака така да изгледа и неговата идна сопруга. „Неодамна многу се искараа, а причината беше тежината на Џесика. Ерик и рекол итно да ослабне инаку нема да има венчавка“ – за National Enquirer открил близок пријател на парот.
Кутрата Џесика. Што мислите, ќе ослабне или ќе го откачи свршеникот?
{loadposition content9}