Инфо ден во вторник за објавените конкурси од Општина Охрид од областа на културата
Инфо денот ќе се одржи на 24 ноември во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид со почеток во 12 часот.

Општина Охрид ги известува сите заинтересирани физички лица, здруженија, установи и други субјекти дека на 24 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи Инфо ден посветен на објавените конкурси од областа на културата.
На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со условите, критериумите и постапката за аплицирање, како и да добијат одговори на прашањата поврзани со подготовката и поднесувањето на апликациите, посочуваат од Општина Охрид.
Конкурсите се достапни на официјалната веб-страница на Општина Охрид.








