Skip to main content

Интернетот ја убива порно-индустријата

Лоша вест за порно индустријата.

lice
лице

Истражувањето кое го спровела AdamAndEve.com, веб страна која се занимава со трговија на производи за возрасни, покажало дека голем број од луѓето гледаат порно филмови, но само ако се бесплатни онлајн изданија.

Приходите од оваа индустрија за забава на возрасните драстично се намалила во последните десет години, од максимални 14 милијарди долари приход во 2005, сега овој износ изнесува 5 милијарди долари. Така тврди Dan Miller, главниот уредник на XIBZ – издавачка куќа која е на врвот во порнографска индустрија.

sesijaВо истражувањето биле вклучени 1.000 Американци постари од 18 години кои говореле за своите сексуални амбиции и пракса. Неверојатни 44% од испитаниците изјавиле дека бесплатните порно страници се нивниот единствен начин и пристап до овие содржини.
16% изјавиле дека повеќе би гледале порно филмови на ДВД, додека 4% рекле дека се преплатени на pay–per–view (плаќање по емитување) страници.

Милер истакнал дека продажбата на ДВД и останати медии значително е намалена после 2005 година.

Додека пак, онлајн сервисите како што се веб страните за возрасни, видео и камери во живо, годишно имаат заработка од 2 милијарди долари, што е 35-40% од вкупните приходи на целата порно индустрија.

{loadposition content9}