ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА
Во неделата 29ти март во 12:15 ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид прими повик од страна на група возачи на планински Off-Road мотори, кои побараа помош за член од групата, кој доживеал несреќа и се стекнал со сериозни повреди на левата натколеница.

Местото на несреќата беше лоцирано со помош на GPS координати, по што беше мобилизирана три члена екипа од ПСС, која веднаш се упати на терен. По околу 30 минути Off-Road возење, групата беше лоцирана.
И покрај лошите теренски услови, повредениот беше целосно имобилизиран и транспортиран безбедно до специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, на понатамошен третман. Акцијата заврши во 14:30 ч. со безбедно враќање на тимот во центарот на Планинската Спасителна Служба.
Поради вонредната состојба, која владее во државата, предизвикана од пандемијата со корона вирусот, тимот на ПСС применуваше дополнителни заштитни мерки за време на интервенцијата, а ја користиме оваа прилика, уште еднаш да апелираме до сите љубители на планината, да се воздржат од авантури и да останат дома, заштитувајќи го своето здравје, но и здравјето на останатите служби, кои делуваат во ургентни ситуации.