Истанбул е град на џезот
Светскиот ден на џезот, годинава во Истанбул.
Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова и амбасадорот на добра волја за меѓукултурен дијалог, славниот Херби Хенкок, заедно со Република Турција, а во партнерство со Институтот „Телониус Монк“ објавија дека прославата на вториот годишен светски ден џезот 30 април, ќе се одржи во Истанбул. По тој повод, покрај разните манифестации, ќе се одржи и голем „Ол-стар“ концерт.
-Истанбул е идеална локација за да се потенцира глобалното влијание на џез музиката, изјави Бокова.
Меѓународниот ден на џезот е влезен во официјалниот календар на УНЕСКО и Обединетите нации. Програмите и настаните ќе бидат координирани со сите 195 земји-членки на УНЕСКО.
“Меѓународниот џез ден е средство за да се потенцираат и поддржат обединувачките атрибути на музиката, изјави Херби Хенкок.
Том Картер, претседателот на Институтот за џез „Телониус Монк“ рече дека Институтот со задоволство ќе биде партнер со УНЕСКО и Република Турција за одржувањето на овој меѓународен празник.
„Минатата година, прославата опфати повеќе од една милијарда луѓе преку различни едукативни програми, перформанси концерти и објави во медиумите. Ова е феноменален бројка што веруваме дека ќе биде надмината во 2013 година.“, рече Картер
Прославата во Истанбул ќе започне во раните утрински часови со програма за средношколци во која ќе учестуваат на Херби Хенкок, Вејн Шортер и други.
На целовечерниот концерт на во Истанбул Ирина ќе настапат најголемите џез имиња на денешницата: John Beasley, George Duke, Robert Glasper, Herbie Hancock, Abdullah Ibrahim, Keiko Matsui, Eddie Palmieri; пејачите Al Jarreau, Milton Nascimento and Dianne Reeves; Hugh Masekela, Imer Demirer , Christian Scott; James Genus, Marcus Miller, Ben Williams; тапанарите Terri Lyne Carrington, Vinnie Colaiuta; гитаристите Bilal Karaman, John McLaughlin, Lee Ritenour , Joe Louis Walker; саксофонистите Dale Barlow, Igor Butman, Jimmy Heath, Wayne Shorter and Liu Yuan; кларинетистите Anat Cohen and Husnu Senlendirici; вилинистот Jean-Luc Ponty и Pedro Martinez на ударни инструменти, како и други специјални гости ќе бидат објавени во наредните недели. John Beasley ќе биде музички директор на настанот.
Покрај Истанбул, речиси 80 настани ќе се организираат во повеќе од 30 земји во светот.
{loadposition content9}