Skip to main content

Н.У Библиотека Григор Прличев

Излезе од печат 126. книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ – „Што сторивме со спомениците и историјата?“

Излезе од печат 126-тата книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?, а во издание на Н.У Библиотека Григор Прличев.
 |  инфодеск  | 

Излезе од печат 126-тата книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?, а во издание на Н.У Библиотека Григор Прличев. Во книгата се опишани 130 спомен – обележја во Охрид и Охридско, од кои 19 повеќе не постојат; 60 се запоставени и искршени; 8 се возобновени; 4 се преместени и 39 се одржуваат.

-Нема поголема темнина од заборавањето. А со тоа и негирањето на постоењето. Затоа ни требаат спомениците. Како опомена и светилници за сите вградени животи во темелите на ова што сме денес. За да можеме и повеќе и подобро, за да им оставиме аманет на нашите идни поколенија да знаат да чуваат, да почитуваат и да градат за сопствената иднина. Македонија запаметена по делбите, по историските договори на големите сили, на туѓинците кои по неа посегале и во војна и во мир. Македонија со лузни што остануваат по обидите да се обезличи до непрепознавање. Македонија запишана во Библијата. Македонија за вечност., – вели авторот.

Додава, дека баш ние, новите генерации со слободарскиот дух на нашите предци, ја имаме неповторливата историска шанса и должност да си ја зачуваме државата, и да го докажеме вековното опстојување на македонскиот народ.