Изложбата “33 Христос живот за спас на човештвото“ ќе биде отворена во Робевци до 15-ти септември
Изложбата е прва од ваков тип на изработка на експонати, се состои од 33 уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки.
Во Куќата на Робевци e изложена поставка на среброрез насловена “33 Христос живот за спас на човештвото“, од охридскиот уметник Боро Митрески – Минта.
Изложбата е прва од ваков тип на изработка на експонати, се состои од 33 уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки.
Изложбата на Боро Митрески – Минта во Робевци, ќе биде отворена за посетителите до 15 септември во периодот од 9 до 20 часот.