Skip to main content

НУ Завод и Музеј Охрид

Изложбата “Антологија 3” ќе биде отворена вечерва во Куќата на Робевци

Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори.
 |  инфодеск  | 

Вечерва во 20:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“.

Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност.

Апстрактната уметност на тлото на бившите југословенски простори се појавува после педесеттите години на 20. век и е морфолошки поделена на два вида сензибилитети, од една страна конструктивниот геометризам, а од друга страна, е апстрактниот експресионизам, лирската апстракција и енформелот, информираат организаторите.

Енформелот како правец се појавува кон крајот на шеесеттите години на 20 век и ја носи со себе естетиката на чиста љубов кон материјата, каде што делото ја напушта целосно смислата за боја, линија и гест.

Куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески