Skip to main content

Пчелата како мотив

Изложба „APIS ART“- Пчелна уметност на 1 јуни во Касарна Хаб

Целта на прикажувањето на мотивот на пчелата е да се разгледа и прикаже значењето низ призмата на културата и уметноста, природата и опстанокот на пчелите во неа.
 |  инфодеск  | 
апис арт изложба

Во просториите во Касарна Хаб – Охрид, на 01 јуни 2023 година од 18 часот ќе се одржи изложба на влијателниот уметник од Белград, Србија, Филип Цветковиќ насловена „APIS ART“ – Пчелна уметност.

„Природата и уметноста се две нераскинливи целини, и двете целини имаат моменти кои ги тераат да бидат тесно поврзани со раѓањето и смртта.
Црно-жолтиот мотив за природата значи опстанок, процесот на опрашување создава живот, создава сè што нè опкружува.
Целта на прикажувањето на мотивот на пчелата е да се разгледа и прикаже значењето низ призмата на културата и уметноста, природата и опстанокот на пчелите во неа. За екологијата и природата не треба да молчиме, таа е дел од нас и ние сме дел од неа на тој систем и синџир. Ајде да се грижиме за неа, тоа е единствениот начин таа да се грижи за нас. “- се вели во освртот кон изложбата на Цветковиќ.