Skip to main content

Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена самостојната изложба „МОТИФ“ на Есра Дехар

На изложбата ќе бидат претставени околу 20 дела, изработени во комбинирана техника, акрил на платно и експериментални текстури.
 |  инфодеск  | 

Самостојна изложба насловена „МОТИФ“ од уметничката Есра Дехар ќе биде отворена утре со почеток во 18:00 часот во НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На изложбата, како што информира Дехар, ќе бидат претставени околу 20 дела, изработени во комбинирана техника, акрил на платно и експериментални текстури.

-Изложбата „МОТИФ“ претставува спој на традиционалните мотиви и современиот визуелен израз. Инспирацијата доаѓа од културното наследство, ориенталните орнаменти, килимите, текстурите и личната меморија, претставени преку модерен уметнички пристап, вели Дехар.

Инаку, делата за првпат ќе бидат изложени пред јавноста.