Изложба на фотографии во црно бела техника во организација на Фото клуб Охрид
Во изложбениот салон на ЦК Григор Прличев во Охрид, се отвора изложбата на фотографии во црно бела техника. Станува збор за изложба на тројца фотографи, Димче Мајкоски, Димче Коруноски и Слободан Циклески.
Фотографиите во црно бела техника се особено интересни за луѓето кои имаат префинет вкус, Ќе бидат изложени вкупно 40 дела на тројцата автори.
„ Дваесет се дела на гостинот од Скопје, и по десет на домаќините од Фото клубот, кој всушност е организатор на оваа изложба. Во клубот членуваат над дваесеттина љубители на фотографија меѓу нив има повозрасни, и помлади што е особено важно за опстојување на самиот клуб. Лани рпославивме 25 години псотење и работиме со голема љубов и ентузијазам. За жал и по толку години ние немаме своја просторија, секогаш одговорните ни ветуваат а не исполнуваат јас се надевам и дека наскоро ке имаме свои простории”, вели Ѓоко Симјаноски од Фото клубот Охрид.
Охрид е непресушна инспирација за фотографите, уметниците сликарите. Денес дигитализацијата и современите апарати овозможуваат лесно да се овековачат мигови и детали.
„Денес фотографирањето моѓе да го направи секој малку ако ја сака убавината на својот град или одредени детали со својот телефон да ги направи тие да бидат вечни, а да не зборуваме за оние кои употребуваат фотографски апарати и разно разни техники освен тоа денес дигиталната фотографија овозмужува да изгледа таа прекрасно. Секоја колоритна фотографија може да биде и црно бела а љубителите на фотографија треба само да се испробаат”, вели Симјаноски.
Од Фото клубот Охрид велат добиваат поддршка од локалната самоуправа, само им недостигаат простории.
Новинар Соња Рилковска