Skip to main content

Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

Утре изложба на ламби, „Светлосни фрагменти“ на доц. м-р Марија Рашковиќ

Изложбата „Светлосни фрагменти“ – композиции на Доц. м-р Марија Рашковиќ ќе биде отворена на 27 август во Лапидариум со почеток во 20 часот.

Во организација на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, утре, четврток, 27 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Лапидариумот, во рамки на Националната установа, ќе биде отворена изложбата на ламби, насловена „Светлосни фрагменти“.

– Ве покануваме на вечер, исполнета со уметност, емоција и инспирација. Во магичниот амбиент на Охридскиот Лапидариум, светлината ќе раскаже своја приказна, со уникатните Светлосни фрагменти – композиции на доц. м-р Марија Рашковиќ, во кои македонските етно – мотиви добиваат современ израз, порачуваат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.