Изложба „Малесија низ старите фотографии“ во Куќата на Робевци во Охрид
Организатор на изложбата е Љупчо Паункоски, а настанот се реализира под покровителство на Завод и Музеј – Охрид, Фото клуб Охрид и Општина Охрид.

Во Куќата на Робевци во Охрид, на 28 мај 2026 година (четврток), со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Малесија низ старите фотографии“.
Посетителите ќе имаат можност преку ретки и вредни фотографии да се запознаат со животот, традицијата и духот на Малесија, зачувани низ автентични моменти од минатото.
Организатор на изложбата е Љупчо Паункоски, а настанот се реализира под покровителство на Завод и Музеј – Охрид, Фото клуб Охрид и Општина Охрид.
Изложбата има за цел да ги оживее спомените на едно време преку народните носии, обичаите, секојдневниот живот и богатото културно наследство на Малесија.
Организаторите ги покануваат сите љубители на фотографијата, традицијата и културната историја да бидат дел од овој настан.







