Од денес до 27-ми октомври поставена изложбата „Стари балкански фотографии“
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани, љубители на уметноста и историјата да ја посетат изложбата.

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во соработка со Државен архив на Република Македонија за охридската јавност ќе ја приредат изложбата „Стари балкански фотографии“.
Изложбата ќе биде поставена во изложбениот салон на Центарот за култура и ќе биде достапна за посетителите од: 19-ти (понеделник) до 27-ми октомври 2026 година, секој работен ден, од 9:00 до 19:00 часот.




