31-ва изложба на жени сликарки во организација на Женски центар ,,Бисера”
Во прекрасна и инспиративна атмосфера, во чест на 8 ми Март, Женски центар ,,Бисера” ја одржа својата 31 -ва изложба на жени сликарки, на која беа претставени бројни уметнички дела исполнети со боја, емоција и креативност.






На присутните им се обрати претставничка од Општина Охрид, која упати честитки и подршка, со желба и во иднина да се создаваат уште многу обоени платна и успешни уметнички приказни.


Манифестацијата беше збогатена со настап на млади таленти од музичкото училиште ,,Методи Патче” од Охрид.

–Женскиот центар ,,Бисера” продолжува да ја негува женската креативност и уметничкиот израз, со искрена желба да имаме уште многу здрави, среќни и успешни жени кои со својата работа и талент ќе го разубавуваат нашето општество, велат организаторите.
