Skip to main content

Во сабота ќе биде отворена изложбата „Охрид-Свето таинство“ од Зоран Летра

Изложбата е дел од културната маршрута „Ноќ на музеите“.

Во сабота, 12 септември, во Музеј – Куќата на Робевци во Охрид со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Охрид-Свето таинство“ од охриѓанецот Зоран Летра.

-Охрид е свето таинство постојано опкружувано од пророци, сликари, поети, учени луѓе; отсекогаш претставувал мистерија, спој на мистични и хаотични сили кои со подземниот блесок на водата и нејзината митологија го предизвикувале вековното љубопитство на бројни неимари постојано да го извишуваат во духовна, културна и уметничка вертикала. Во овој контекст, фотозаписите на Зоран Летра се далеку од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање мигови и физичко пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид, велаторганизаторите.

Изложбата е дел од културната маршрута „Ноќ на музеите“, која од 19:00 до 23:00 часот ќе ја претвори улицата „Цар Самуил“ и стариот дел на Охрид во отворена сцена на културата.