Skip to main content

уметност

Изложбата „Антологија 4“ во петок во Куќата на Робевци

На изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.
 |  инфодеск  | 

Во петок 5 јули, во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4. Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

На изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Куратор на изложбата e м-р Сашо Блажески.