Извршителите прво ќе предупредуваат, потоа ќе наплаќаат
Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот, пишува „Вест“.

Должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.
Се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или куќен совет.