Skip to main content

Ја тужел сопругата бидејќи била грда и ја добил парницата!

Иан Фенг од кинескиот град Хеганг се оженил со убава девојка и живееле среќно се’ додека не им се родило првото дете.

 |   | 
grda
грда

 

Еден маж од северна Кина ја тужел сопругата бидејќи дознал дека пред да ги направи естетските операции не била убава. Од таа причина, тој ја добил парницата.

Иан Фенг од кинескиот град Хеганг се оженил со убава девојка и живееле среќно се’ додека не им се родило првото дете. Како што тој самиот рекол, детето воопшто не било убаво, и не личело на родителите, па тој полудел верувајќи дека сопругата го изневерила со друг човек.
grda

Неговата сопруга, во надеж дека ќе го убеди дека не го изневерила, му покажала фотографии од себе пред да ги направи големите естетски операции со кои се “разубавела“.

Откако ги погледнал фотографиите, тој полудел и побарал развод на бракот и цели 120.000 долари отштета.

Судот пресудил во нејзина корист со образложение дека неговата, сега веќе поранешна сопруга, се претворила во некоја друга личност за да го измами сопругот да се ожени со неа. Сега, не само што таа потрошила околу 100.000 долари за естетските операции, туку мора и на поранешниот сопруг да му испалти уште 120.000 долари.