Јаболко за живот без холестерол
Четири јаболка на ден го намалуваат нивото на холестерол во крвта за една четвртина. Поради лековитите својства на јаболкото, лошиот холестерол (ЛДЛ) драстично опаѓа, а за сметка на тоа, добриот холестерол (ХДЛ) значајно расте.
Американската студија која била спроведена за да се утврди делотворноста на ова драгоцено овошје на холестеролот во организмот, покажала дека кај жените кои шест месеци дневно јаделе 750 г јаболка, нивото на лошиот холестерол значајно се намалила. Притоа, жените изгубиле 1,5 кг во период од половина година и покрај тоа што внесувале дополнителни 240 калории дневно, бидејќи грицкале јаболка.
Нутриционистите тврдат дека причината за позитивното дејство на јаболката на холестеролот лежи во дејството на антиоксидансите што се наоѓаат во ова овошје, а губитокот на тежината е резултат на некои состојки кои што го намалуваат апетитот.
{loadposition content9}