ООМУ “Методи Патче“
Јана Шурбановска и Фуркан Али се закитија со прва награда на меѓународниот натпревар “Сергеј Михајлов”
На годинешниот петти јубилеен Меѓународен натпревар за млади музичари со учесници од државата и странство има рекордни 500 учесници.
На меѓународниот натпревар за млади музичари “Сергеј Михајлов”-Штип учениците од ОМУ “Методи Патчев“ покажуваат одлични резулатати. Фуркан Али-Пијано и Јана Шурбановска-Пијано, под менторство на проф.м-р Ирена Веруш се закитија со прва награда, секој во својата категорија.
Петтиот јубилеен Меѓународен натпревар за млади музичари со учесници од државата и странство се реализира во периодот од 11 до 18 април. Оваа година има рекордни 500 учесници кои се натпреваруваат во неколку музички дисиплинии и тоа во: класична музика, поп, џез, и светска музика, традиционални инструменти и состави, и теоретски предмети. За најдобрите учесници следуваат лауреат и гранд при награди.