Skip to main content

Холивудски глумец

Џим Кери планира да стави крај на кариерата

Се чини дека по четири децении во шоубизнисот, Џим Кери е подготвен да стави крај на својата кариера. Во едно од неговите последни интервјуа со Access Hollywood за поддршка на неговиот најнов филм, „Sonic the Hedgehog 2“, комичарот лежерно изјави дека размислува да и сврти грб на камерата и да се пензионира.
 |  инфодеск  | 
Џим Кери актер

Холивудскиот глумец, комичар и двократен добитник на „Златен глобус“, Џим Кери има намера да ѝ стави крај на својата кариера, како што најави во интервју објавено денеска на Јутјуб-страницата на порталот „Аксес“ (Access).

Канадскиот комичар Џејмс – Џим Кери на 17 јануари 2022 година наполни 60 години. За време на гостувањето по повод филмот „Соник: Супер еж 2“ (Sonic the Hedgehog 2) изјави дека неговата намера да ја напушти филмската индустрија е прилично сериозна.

Џим Кери актер

Сѐ ќе зависи од ситуацијата. Направив доволно. Тоа е сѐ – рече тој.

Глумецот има околу 60 улоги во филмови и ТВ-серии, од кои повеќето се комедии. За највпечатливи важат неговите ликови во трагикомедијата „Шоуто на Труман“ (1998) и мелодрамата „Сјајот на чистиот ум“ (2004), каде што немаше комични улоги.

Покрај двете награди „Златен глобус“, Џим Кери има освоено 11 филмски награди на „Ем-ти-ви“ и француски Орден за уметност и литература (2010). Во 2014 година, Канадската поштенска корпорација издаде поштенска марка со слика на актерот.