Јубилеен концерт по повод 20 години постоење на ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“
Во рамки на програмата ќе настапат хорот и оркестарот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.
По повод 20 години од постоењето на Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – истурени паралелки во Струга, ќе се одржи јубилеен концерт на 29 април 2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура Браќа Миладиновци во Струга.
–Во изминатите 20 години, нашето училиште прерасна во значаен центар за музичко образование во државата, кој создаде бројни млади кадри што своето образование го продолжија на престижни универзитети и денес се истакнати уметници, велат од училиштето.
Во рамки на програмата ќе настапат хорот и оркестарот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.


