Кафе наутро, лоша идеја
Дали мислите на кафе штом го направите првиот чекор наутро? Можеби го менувате природниот процес на будење на Вашето тело.
Дали мислите на кафе штом го направите првиот чекор наутро? Можеби го менувате природниот процес на будење на Вашето тело.
Сите го сакаме утринското кафе. Впрочем, не може да го замислиме денот без утринско кафе. Но, многумина ќе се согласат дека денот не треба да започнува со овој напиток. Едно истражување дури го покажува тоа. Стивен Милер е истражувачот кој се обидува да ги промени навиките на целиот свет преку неговата студија.
Точно е дека секој од нас има различни реакции на кофеинот , но факт е дека нашите тела функционираат во 24-часовен хормонален циклус. Кортизолот е хормон кој чини да се чувствуваме будни и фокусирани.
Тој се лачи најмногу помеѓу 8:00 и 9:00 часот наутро. Доколку пиете кафе наутро, ова значи дека конзумирате кафе наутро во време кога самото тело произведува слична состојка. Пиењето кафе во периодот кога кортизолот се лачи најмногу ги намалува енергетските ефекти на кофеинот и предизвикува телото да стане отпорно на него.
Според истражувањето, нивото на кортизол е највисоко од 8:00 до 9:00 часот, од 12:00 до 13:00 и од 17:30 до 18:30. Најдоброто време за пауза за кафе според Милер е помеѓу 9:30 и 11:30 и 13:30 и 17:00.
Што станува со оние кои се будат пред 8:00? Иако лачењето на кортизол се контролира од сончевата светлина, нивоата се зголемуваат за приближно 50% по будењето.
Од утре, кафето го одложуваме за некој час.
{loadposition content9}