Како боите влијаат на здравјето
Обрнете внимание на бојата што ја носите, јадете… во каква просторија седите… на сè околу вас што е обоено и влијае на вашите чувства, карактер, здравје:
Црвената активира, дејствува, оживувачки има способност за образување на еритроцитите, го нормализира нискиот крвен притисок, го зголемува имунитетот.
Портокаловата ја активира дејноста на жлездите со внатрешно лачење, го зајакнува белодробното ткиво.
Жолтата го закрепнува нервниот систем, го зголемува одделувањето на жолчниот сок, го подобрува варењето на храната.
Зелената го забрзува формирањето и растењето на клетките, има способност за регенерација на ткивото и образување на мускулните влакна. Ги зголемува заштитните сили на организмот, дејствува смирувачки на психата, го забавува ритамот на срцевиот пулс.
Небесно сината е противречна боја. Ги успокојува смелите и енергични луѓе, ги смирува. Кај нив се нормализира крвниот притисок, се намалува мускулното напрегање, дишењето станува длабоко и ритмично. За кротките и срамежливите е боја на силен шок. Стравот е обоен во оваа боја.
Сината ја зголемува животната сила на организмот, дејствува во воспоставувањето на нервниот систем, ја засилува способноста кон концентрација, ја лекува расеаноста.
Сивата предизвикува апатија.
Црно-сино-зелена: оваа комбинација на бои го намалува крвниот притисок.
Сино-зелена овозможува чувство на комфор.
Сино-виолетовата комбинација може да предизвика мигрена.
{loadposition content9}