Како изгледале плажите пред појавата на бикини
Како што температурите растат, така пред сечии очи почнуваат да играат слики од море, плажа, лежалки, бранови.
Патувањата на плажа во САД во минатото биле стандардна семејна активност од почетокот на 20 век и со тек на време еволуирале во модерна, крајбрежна активност.
Одморите на плажа почнале да стануваат популарни по појавата на железничкиот превоз, како достапно средство за транспорт.
Дали некогаш сте се запрашале како изгледале костимите за капење во тој конзервативен свет? Во тоа време постоеле костими за капење, но многу поинакви од она што денес ние подразбираме под костими за капење. Во тој перииод жените носеле целосни широки, сифонски доколенки. Иако во тој период штетните УВ зраци биле непозната опасност, сепак оваа конзервативна облека многу ја штитела кожата на луѓето кои уживале во летните топли денови.
Кон почетокот на 19 век одморалиштата на плажа почнале да станваат популарна дестинација. Но, водените активности како пливање и нуркање биле невозможни поради тешката облека која луѓето во тоа време ја носеле. Па така како поминувало времето женските костими за капење станувале се помали и помали.
Инаку на почетокот на 19 век, мажите и жените оделе одделно на плажи. И покрај тоа жените сепак биле придружувани од постарите жени во семејството., иако денес нивните костими за капење ни изгледаат смешни.
Недостатокот на ткаенина за време на граѓанската војна во САД довело до смалување на облеката за на плажа, па се верува дека дводелните костими за капење се инспирирани токму од тој период. По војната во 1946 година бикините стануваат модерни и патувањата на плажа веќе не биле исти како порано.
Францускиот инжињер Луис Реард ги дизајнирал првите модерни бикини претставувајќи ги како „помали од најмалиот костим за капење“. На почетокот во Италија и Шпанија овие бикини биле забранети, сметајќи ги за непристојни. Сепак бикините не успеале да заживеат меѓу народот се до 1956 година, кога популарната француска актерка Бриџит Бардо не се појави во нив. Во шеесетите години на 20 век, делумно поради сексуалната револуција, бикините станале омилен стил за младите и храбри девојки.
Денес бикините се честа глетка на плажите. Но, само една работа е јасна, модата доаѓа и заминува, но плажата секогаш ќе биде омилена дестинација за летните одмори.
На фотографиите подолу можете да погледнете како изгледале луѓето на плажа од целиот свет од почетокот на 20 век, па се до 70 години на истиот век.
{loadposition content9}