Како се јаде сладолед?
Кога брзо и во големи залаци го јадеме или лижеме сладоледот, се случува набргу да почувствуваме главоболка sphenopalatine ganglioneuralgia која доведува до грчење на крвните садови. Нив ги активира ладнотијата на ледениот десерт. Последица е главоболка која потсетува на тоа што обично се нарекува мигрена – грчење на крвните садови што го забавува протокот на крвта.
Што би можело да се стори за да се спречи ваков вид на главоболка? Нема никаков посебен лек. Доволно е само побавно да го јадеме сладоледот и да го користиме јазикот, дозволувајќи сладоледот да се растопи на него. Доколку станува збор за сладолед во корнет или на стапче, побавно да го лижеме. Не да го гриземе, не да го голтаме, едноставно да уживаме во него.
Се советува сладоледот да го „намалуваме“ полека, со врвот на јазикот, но не да ја употребуваме горната усна, за да ја избегнеме најбрзата врска со мозокот. Тие кои страдаат од главоболка предизвикана од брзото лижење сладолед велат дека оваа болка може да се „излечи“ така што со палецот силно ќе ја претиснеме горната усна. По една минутка, болката, наводно, ќе се намали.
Лесно е да се дават совети, но на сладоледите тешко е да им се одолее.
А за сладоледната главоболка би можеле да го обвинуваме и римскиот император Нерон кој наредувал од врвовите на планината да му носат лед за да го меша со сок од цедено овошје. Најверојатно тоа е предокот на денешниотсладолед. Но никаде не е сочуван податок колку оваа страст кон ладниот десерт му штетела на гласот на Нерон. Затоа што, како што е познато, најголемата желба на императорот била да биде пејач.
{loadposition content9}