Skip to main content

Како светот ги виде настаните во Скопје

Водечките светски агенции синоќа и утрово информираа за протестите во Скопје.

полициска бруталност

насловВодени топови и шок бомби против демонстрантите, Македонскиот премиер се обидувал да прикрие убиство, Демонстрантите упаднаа во дворот на Владата, бараат оставки, ова се дел од насловите на вестите на РТС, Хрватската радио телевизија, Ал-Џезира Балканс.

Тањуг и Српски Телеграф пишуваат, повторно драма во Скопје.  Информациите за судирите меѓу полицијата и демонстрантите се и на насловните страници на Вашингтон пост, Ројтерс, Франс прес и останатите светски агенции.

„Извикувајќи „Убијци! Убијци!“ демонстрантите бараа оставка од владата. “, пишува Агенцијата франс Прес. „Ќорсокакот ја турна земјата во длабока политичка криза и ја поттикна Европската унија да покрене дијалог“, наведува Франс прес, која објавува дека опозицијата најавила масовен антивладин протест за средината на мај.

насловНовинската агенција Асошиетед прес, наведува дека до хаосот во Скопје дошло откако македонскиот опозициски лидер го обвини премиерот за обид за прикривање на убиството на Мартин Нешковски. Асошиетед прес ја цитира и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која го обвини Заев за, како што се наведува, монструозна конструкција на мрачно сценарио за политички цели.

Ројтерс наведува дека на протестите имало над 2 илјади луѓе и оти притоа некои од нив палеле контејнери и фрлале камења врз полицијата која ја обезбедувала владината зграда, по што интервенирале полициските сили кои ги растуриле демонстрациите.

Преку социјалната  мрежа фејзбук се огласи и Ерван Фуере, поранешен шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, со поддршка за учесниците во протестот.
„Нема камена палата, со колку дебели ѕидови да е, која ќе ги заштити оние кои се кријат во неа, кои ги изгубиле кредибилитетот и легитимитетот да останат на власт, од волјата на народот. Сега е времето за промена“, напиша Фуере.

насловНа истата социјална мрежа, поранешната холандска амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини објави дека е време за промени во Македонија. Таа наведе дека Македонија заслужува одговорна и дeмократска влада.
“Со позитивно управување и одговорно раководство, земјата може да се развива. Колку што можам да видам и да слушнам за тоа, на македонските граѓани им е доста од негативизам“, напиша Филипини. Едноставно неприфатливо е мала група на политичари кои чувствуваат презир кон демократијата, политичари кои го загубија интегритетот, моралниот компас и кредибилитетот во целост,  да бидат тие кои ќе ја дефинираат иднината на Македонија и се одговорни за ситуацијата во која земјата моментално се наоѓа, додава на социјалната мрежа холандската дипломатка.

{loadposition content9}