Каква иднина ни готват во тајната лабараторија на Google?
Тоа се само дел од соништата што се разгледуваат во Google X, тајната лабораторија во која интернет гигантот се обидува да реализира 100 луди идеи, пишува New York Times.
Иако повеќето се само концепти, и воопшто не се блиску до остварување како готов производ, еден проект би можел да се појави до крајот на годината. Но, поради таинственоста на Google, не е точно познато за што се работи.
Поголемиот дел од фирмите во Силиконската долина, како иновација го сметаат развојот на онлајн апликациите или нов тип на огласи. Google, како и со многу други свои производи, размислува поинаку.
Иако денес е огромна корпорација, интернет гигантот настојува да биде место на кое ќе се откриваат и создаваат нови и интересни работи, следејќи ја традицијата на Xenon PARC што во 70-тите години на минатиот век го разви модерниот персонален комјутер.
Google во голема мера излегува од она што би се очекувало од интернет гигант, па нивната лабораторија се занимава со вселенски дигалки, што е стар сон на основачите на компанијата.
Сергеј Брин, еден од ко-основачите на Google, длабоко е навлезен во истражувањата, велат изворите на New York Times. Според информациите, и тој како и другиот ко-основач Лери Пејџ, има листа на идеи што сака да се развиваат. И самиот Пејџ, пред да го преземе кормилото на компанијата работел во Google-X. Со проектите се занимава и Ерик Шмит и другите челници на компанијата кои се надеваат дека ќе успеат да развијат нешто што ќе прерасне во успешна работа.
Тие лани ги претставија возилата без возач, со кои би можеле да продаваат софтвер за навигација и друга информатичка технологија. Теоретски, би можеле и само да им покажуваат реклами на патниците за фирмите што ги одминуваат по пат, додека сите во автомобилот играат Angry Birds и уживаат во патувањето.
Роботите се главни херои во голем дел од идеите што се разработуваат во Google X, а Брин веќе пратил робот да го замени на една од конференциите.
Роботите би можеле да му помогнат на Google во собирањето на податоците, како на пример да ги заменат луѓето што ги фотографираат улиците за Google Maps. Исто така роботите би можеле и да помагаат во секојдневните задачи – дома или на работа.
Една интересна работа е проектот за поврзување на домашните уреди со интернет, претставен на една од неодамнешните конференции на Google. Се разбира компанијата има корист од тоа некој да користи интернет, па во нивен прилог е да ги поврзат и домашните уреди и облеката со глобалната мрежа. Веќе на крајот од годината би можело системот за наводнување, апаратот за кафе или пак сијалиците, да се управуваат од далеку и да се активираат безжично преку уредите со Android.
Таинственоста со која работи Google X е слична на онаа што се користи во CIA, тврдат извори што се блиску вклучени во проектите. Познато е дека има два оддела – едниот за логистички потреби, а другиот за роботи, сместен на тајна локација.
Експертите кои работат дошле од Microsoft, Nokia Labs, или од Универзитетите Стенфорд, МИТ, Карнеги Мелон или Њујорк.
Во тимот се професор специјализирани за примена на неуро-науката врз вештачката интелигенција, како и експерти за интеракција меѓу луѓето и компјутерите. Нив ги предводи Себастијан Трун, еден од водечките светски експерти за роботика и за вештачка интелигенција.
Сепак, проектите на Google X можат да бидат или епски промашувања или пак огромни успеси, а таквата ситуација ги плаши акционерите. Но, неодамна Лери Пејџ ги убеди дека овие развојни проекти одземаат сосема мал дел од средствата на компанијата и дека со парите на акционерите се постапува со многу големо внимание.
{loadposition content9}