Skip to main content

Кари зачинот, моќно оружје во борбата со ракот

Научниците открија многу необична техника во борбата против ракот: наночестичките кои го носат карито во клетките на ракот.

kari
кари

Научниците открија многу необична техника во борбата против ракот: наночестичките кои го носат карито во клетките на ракот.

kariОвие честички се полни со куркумин, соединение кое може да се пронајде во овој зачин.

Истражувањето направено од научниците од Универзитетот за природни ресурси и природни науки во Австрија било објавено во списанието „Nanobiotechnology“.

Куркуминот доаѓа од куркума растението кое е познато по неговиот карактеристичен жолт прав.

Веќе е познато дека куркуминот работи како антиоксиданс. Другите истражувања покажаа дека куркуминот се апсорбира од клетките на туморот со што го прекинува циклусот на растење на клетката и на крајот ја убива клетката.

tabelaТој не се раствора лесно во вода, така што мала е веројатноста клетките да го апсорбираат ова соединение. Токму поради ова јадењето само на кари нема да биде ефективен лек против ракот. Затоа, истражувачите го ставиле куркуминот во мали мастни грутки кои ги нарекле емулсоми. Тие имаат цврсто јадро на масти опкружени со слој од липиди кој клетките го апсорбираат лесно.

Овие емулсоми научниците ги нарекле „CurcuEmulsomes“. За да ја тестираат нивната ефикасност тие ги изложиле нив на клетки на ракот во лабораторија. Клетките успешно ги апсорбирале.

Сега целта на истражувачите е да ги наведат „CurcuEmulosmes“ да навлезат во канцерогените клетки во внатрешноста на човековото тело.

{loadposition content9}