Skip to main content

Катастрофално невреме го покоси југот на Франција

Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан.

poplavi

poplaviНајмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан.

Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта.

Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови заглавиле на железничките станици или пругите.