Ќе изгинеме од куртоазија
Местењето на лажна насмевка пред нељубезните муштерии му штети на нашето здравје, велат научниците, бидејќи личноста може да “прегори” на работа. Освен тоа, поголем е ризикот од депресија и болести на срцето.
Двегодишното истражување во кое учествувале вработените на аеродромите, болниците, и телефонските центри, го спроведоа научниците од франкфуртскиот универзитет. Испитаниците биле поделени во две групи. Кај оние кои морале да одговараат љубезно, без оглед на тоа колку клиентот бил непријатен и незгоден, измерено е поголемо количество на стрес и чукање на срцето. Но оние кои не морале да глумат пријателски тон имале нормални отчукувања на срцето.
Потиснувањето на вистинските чувства се одразува негативно врз здравјето, е заклучокот од истражувањето.
{loadposition content9}