Skip to main content

Ќе ја јадеме и амбалажата

Научниците од Харвард развија посебен материјал што се јаде наречен ВикиСелс (WikiCells), што може да поприма разни вкусови.

 |   | 
ambalaza
амбалажа

ambalazaНаучниците од Харвард развија посебен материјал што се јаде наречен ВикиСелс (WikiCells), што може да поприма разни вкусови. Станува збор за комбинација на биоразградлив полимер или пластика и честички на храна.

Научниците појаснуваат дека станува збор за цврст материјал сличен на лушпа од јајце кој може да се пополни со различни вкусови – од портокал до чоколадо и вино. Таквата обвивка ќе може да се излупи или во целост да се изеде.

Инженерот за биомедицина Дејвид Едвардс рече дека се уште не направиле шишиња од споменатиот материјал, но се надеваат дека наскоро ќе имаат прототип. Тој додава и дека идејата за иднината е секој да може да произведува шишиња што се јадат.