Kино Четврток со уште една проекција на филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња”

По интересот за филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња”, Културолошката иницијатива 5 до 12 организира уште една проекција во рамки на филмската иницијатива „Кино Четврток”.
Проекцијата ќе се одржи на 19ти ноември 2026 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид.
Филмот ја раскажува приказната за Адела, девојка која преку својата страст кон скејтбордингот се бори против сиромаштијата, конзервативната средина и традиционалните општествени очекувања. Кога нејзиното семејство се соочува со тешка ситуација, таа се обидува да ја спаси својата постара сестра од договорен брак и судбина што изгледа неизбежна.
Со времетраење од 83 минути, филмот отвора прашања за слободата на избор, родовите стереотипи, традицијата и правото на секоја девојка сама да ја избере својата иднина.
„Кино Четврток” е иницијатива на Културолошката иницијатива 5 до 12, чија цел е враќање на кино-културата во Охрид преку редовни филмски проекции и разновидна филмска програма. Втората сезона започна во октомври и продолжува до 3 декември 2026 година, со проекции секој четврток во ФИОФА.








