Skip to main content

Ќе не врати во едно убаво време : Каролина Гочева ќе ги отпее познатите евергрини

Една од најпознатите македонски пејачки, Каролина Гочева ги изненади своите обожаватели соопштувајќи им одлична вест. Имено, станува збор за нејзиниот нов албум на кој ќе има 11 преработки на познати македонски евергрини.

 |   | 

Каролина Гочева најави албум со најубавите евергрини од златната ера на македонската музика. Албумот е во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, а истиот се подготвува скоро две години.

„Генијалноста на Дуке која се проткајува аранжмански низ сите единаесет нумери преку композицискиот јазик и пијаното, совршениот вокал на Каролина и импровизациската моќ низ кларинетот на Исмаил, се идеална комбинација за уште едно одлично издание кое веруваме дека ќе предизвика огромен интерес кај сите љубители на овој жанр, но и за пошироката публика“ – соопштија од Авалон продукција.

Каролина на нејзинит Инстаграм профил откри и како звучи дел од првиот сингл, „Идила“, а за неколку дена ќе можеме да ја слушнеме и во целост.

-Драги мои пријатели, мислам дека веќе можеме да си дозволиме да споделиме и по некоја убава вест. Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со @dukebojadziev и @ismail_lumanovski работевме скоро две години.
Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016та, после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке. 

Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…
За неколку дена ќе може да го слушнете првиот сингл ,,Идила”, додека целиот албум ќе биде достапен наесен.
Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата.
Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање.
Во меѓувреме, погледнете мала најава за ,,Идила”.
Ве сакаме ❤️
-напиша Каролина на Инстаграм.