Детската претстава „Кловн“ премиерно во Охридскиот театар

НУ Центар за култура „Григор Прличев“, во чии рамки функционира Охридски театар, годинава ќе реализира четири детски претстави во рамки на проектот „Куфер театар“.
Во недела, на 24 мај 2026 година, со почеток во 12 часот, премиерно ќе биде изведена детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески, по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од делото „Се бара стар кловн“ на Матеј Висниек.
Во претставата настапуваат актерите од охридскиот ансамбл: Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ. Костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева.
Цената на билетот изнесува 200 денари, а билетите се во продажба на билетарата на Центарот за култура. Билетарата работи секој работен ден од 10 до 17 часот, како и од 10 до 12 часот на денот на изведбата на претставата.






