Skip to main content

Кобна Плејбој забава

Осумдесет бизнисмени заболени од мистериозна болест по присуство на Плејбој забава на имотот на Хју Хефнер.

 |  Маја Савиќ  | 
Hefner
Hefner

Речиси осумдесет бизнисмени кои, по конференцијата во Санта Моника ја посетиле вилата на Хју Хефнер, заболени се од сеуште неидентификувана болест на респираторниот систем.

Токму затоа во моментов светски познатата Плејбој вила е под истрага. Иако дури сега е објавено во јавноста, овој случај се случил на 3 февруари.

zabava

Гостите во вилата биле бројни бизнисмени кои по само 24 часа започнале да се жалат на главоболка, грозница, респираторни проблеми, а некои од нив добиле и запаление на бели дробови, пренесуваат американските медиуми.

Министерството за здравство на САД ја пребарува вилата, а на сите кои присуствувале на забавата им е испратен меил да се пријават доколку имале здраствени проблеми по таа ноќ.

Хју Хефнер, основачот на Плејбој, сеуште не излезе со коментар за овој случај.

{loadposition content9}