Кога да бегате од љубовта?
Физиолошки, љубовта е неверојатно слична со болеста. Станува збор за серија на биохемијски реакции кои предизвикуваат каскада од емоции, со што го попречуваат нормалното функционирање на организмот.
Физиолошки, љубовта е неверојатно слична со болеста. Станува збор за серија на биохемијски реакции кои предизвикуваат каскада од емоции, со што го попречуваат нормалното функционирање на организмот.
Тоа е убавиот момент. Но што кога ќе ви се скрши срцето?
Епа навистина требаше да знаете, меѓутоа сега не можете ништо да направите во врска со тоа освен да си дадете време да преболите и да продолжите понатаму. За да не ви биде повторно скршено срцето, ви нудиме неколку причини зошто треба да избегнете да не ја правите истата грешка.
1. Не се заљубувајте ако врската започнала како страст
Ова е вид на љубовна приказна која сите сме ја виделе на големиот екран, меѓутоа колку и да звучи привлечно, скоро никогаш не успева заљубувањето во човекот со кој сте имале секс една вечер. Запомнете – важно е да се прави разлика меѓу физичката и емоционалната поврзаност.
2. Не се заљубувајте ако врската има краен рок
Тој се преселува во друга држава на крајот на годината или пак таа започнува сосема нов живот на крајот на летото. Без разлика на причината, вашето време со таа личност има краен рок, со што значи дека врската ќе има крај, а вие ќе останете сами, со скршено срце и мизерни.
3. Не се заљубувајте ако ве делат многу километри
За една врска на далечина да успее потребен е голем напор и емоционална борба. Постојано над вас ќе лебди прашањето: „Дали сето ова е вредно?“ Ќе започне тензијата, се’ додека врската не заврши и вие не завршите сами, со скршено срце и мизерни.
4. Не се заљубувајте во долги, прекрасни разговори
Сфаќаме: никој не може да ја има поврзаноста која ја почувствувате со оваа личност. Таа е посебна, не е од овој свет и е извонредна. Но, враќање во реалноста: секој којшто е заљубен мисли вака. Заљубувањето на толку длабоко и лично ниво е најубавото чувство во светот, меѓутоа го кани и најлошото раскинување. И самотија. И мизерија.
5. Немојте да се заљубите во „и покрај тоа што го велат“
Луѓето секогаш ќе имаат глупави причини зошто да не бидете со личноста која ја сакате. Можеби станува збор за различноста. Можеби постои разлика во вашата атрактивност. Можеби е разликата во можности. овие луѓе се смешни и треба да ги игнорирате. Меѓутоа кога вашите пријатели и семејство започнуваат да не ја одобруваат врската, тогаш дефинитивно постои нешто погрешно.
6. Не се заљубувајте кога работите ќе тргнат на лошо
Можеби сакате да ги игнорирате, затоа што започнавте да уживате во врската. Можеби станува збор за политички мислења, или мал милион различни работи. Гласот во вашата глава ви вели дека време е да прекинете, но вашето срце ви вели дека можете да поминете низ се’. На крајот се знае како работите ќе се одвиваат кога саканата личност ќе си замине и ќе ве остави со скршено срце, мизерни и сами.
7. Не се заљубувајте тогаш кога тие нема да се заљубат во вас никогаш
Немојте да се заљубите во личност која има проблем со врските и заљубувањето. Потребно е да знаете дека никогаш не можете да промените една личност. Тие ќе го направат тоа што сакаат да го направат и ќе ве остават со скршено срце и мизерни.
Но заборавете на сето ова.
Заборавете ги причините зошто не треба да се заљубите.
Заборавете на се’. Заборавете на тоа дека не треба да се заљубите, бидејќи кога ќе дојде моментот, вашето срце ќе го направи она што го сака. Ова е магијата на љубовта – таа прави и најинтелигентните луѓе да ја напуштат логиката и здравиот разум.
Заљубете се бидејќи и онака ќе се заљубите. Заљубете се длабоко, и покрај се’ бидејќи кој знае? После се’, можеби ќе бидете исклучок.
{loadposition content9}