Кога хоророт ја имитира реалноста
Еден од најдобрите режисери на хорор филмови, Џејмс Ван, има нов проект за оваа година.
The Conjuring, е најновиот филм на талентираниот Ван кој стои зад одличните Insidious и Saw, а овој пат главните улоги ги толкуваат Вера Фермига, Патрик Вилсон, Лили Тејлор и Рон Ливингстон.
Во The Conjuring кој наводно е базиран на вистинската приказна за семејство кое најмило истражувачи на паранормалното за да откријат какво демонско присуство има во нивната куќа. Вилсон и Фермига ќе ги портретираат Ед и Лорејн Ворен истражувачите на паранормалните активности, а Лили Тејлор и Рон Ливингстон, брачниот пар кој живее во опседнатата куќа во Њу Ингланд. Како сценаристи на The Conjuring се јавуваат Чед и Кери Хејс, а премиерата се очекува на 19-ти јули оваа година.
{loadposition content9}