Skip to main content

Кои лекови мора да ги понесете на одмор?

Цела година го чекаме тој  годишен одмор, па кога конечно ќе дојде, трчаме на плажа, бели, навикнати на гардероба и климатизирани простории, а ненавикнати на целодневно Сонце, бубачки, ежови, поинаков режим на исхрана, пониски хигиенски услови…

 |   | 
odmor
одмор

Цела година го чекаме тој  годишен одмор, па кога конечно ќе дојде, трчаме на плажа, бели, навикнати на гардероба и климатизирани простории, а ненавикнати на целодневно Сонце, бубачки, ежови, поинаков режим на исхрана, пониски хигиенски услови…Доколку со себе немате адекватна помош, сево ова може да ви го претвори летувањето во ноќен кошмар.

Не зачудува тоа што токму на летување често се заразуваме од стомачни вируси или настинка и сме лесен плен на комарците. И токму кога треба да уживаме, ние боледуваме: според статистиките човекот на годишен одмор просечно два ипол дена ги поминува во боледување.

Доколку пред да отпатувате се информирате какви неволји може да ве снајдат и доколку со себе понесете добро испланирана и опремена торбичка со лекови, во голема мера ќе си го олесните летувањето.

odmorКои лекови мора да ги имате во патната торба:

-средство против болки

-средство за смирување на стомачни тегоби и мачнини додека патувате

– средство против диареа

-лекови за намалување на зголемена температура

– спреј за нос

-креми за сончање

-средство за дезинфекција на мали рани

dete na odmor-крема за ублажување на спортски повреди

-крема за ублажување на убоди од инсекти и медузи

– хранливи креми за кожа

– фластери

– завои

– пинцета

– топломер

{loadposition content9}