Кои се придобивките од витаминот Д
Витаминот Д е витамин растворлив во масти во фамилија на соединенија што ги вклучува витамините Д1, Д2 и Д3. Во суплементите, витаминот D најчесто се наоѓа во две форми: D2 (ергокалциферол) и D3 (холекалциферол).
Нашето тело природно произведува витамин Д кога е директно изложено на сончева светлина. Можеме да добиеме витамин Д од одредени видови храна и додатоци за да се обезбедиме соодветно ниво на витаминот во крвта. Свежите масни риби (лосос, туна и скуша) се најголем извор на витамин Д.
Витаминот Д има неколку важни функции. Можеби најважните се регулирање на апсорпцијата на калциум и фосфор и олеснување на здравата функција на имунолошкиот систем.
Добивањето доволно витамин Д е важно за раст и развој на коските и забите и за подобрување на отпорноста на одредени болести.
Симптомите на недостаток од витамин Д вклучуваат: постојана подложност на инфекции, хроничен замор, болки во коските, мускулите, зглобовите, нарушено расположение, нарушено заздравување на раните, загуба на косата, главоболки, депресија.
Речиси половина од населението, после 40тата година од животот, има намалено ниво на Витамин Д. Кај жените се препорачува да се проверува уште на почетокот на менопаузата, како еден од начините за превенција од остеопороза, зошто хроничен недостаток на витамин Д не може да се реши преку ноќ и потребен е подолг временски период истиот да се надокнади.