Кои туристи трошат најмногу?
Туристите од земјите надвор од Европската унија трошат повеќе отколку Европејците.
Туристите од земјите надвор од Европската унија трошат повеќе отколку Европејците и тие во првите шест месеци од годинава потрошиле во просек по 382 евра на “шопинг“ во Австрија.
Во споредба со првите шест месеци во 2011 година тоа е пораст за 4 отсто или 15 евра, соопштила компанијата за враќање на данокот на додадена вредност “Глобал блу Аустрија“.
Вкупно гледано руските туристи оставаат најмногу пари во Австрија. Исто така, многу вредни потрошувачи во оваа земја се Кинезите и Швајцарците, кои заради силниот франк се’ повеќе купуваат кај својот сосед.
Кинеските туристи во просек оставаат по 595 евра за купување во Австрија, што е за 81 евро повеќе отколку пред една година.
Руските гости трошат во просек по 419 евра во Австрија, а најголем раст во просечната потрошувачка со 690 евра е забележан кај туристите од Тајланд.
{loadposition content9}