Кој фактор е доволен?
Ако сакате да го сочувате своето здравје, а сепак да уживате во летото, потребно е да се мачкате со крем кој има најмалку заштитен фактор 30, сметаат дерматолозите. Тое е воедно и еден од начините да се заштитите од рак на кожа и од изгореници.
Малкумина водат сметка за тоа колку често ги нанесуваат кремите за сончање преку ден и тоа е вистинската причина зошто е потребен повисок фактор.
– Кремите со заштите фактор 15 пружаат заштита само ако се нанесуваат правилно во подебел слој, околу два милиграма по квадратен сантиметар на кожата. Во праксата, луѓето не нанесуваат толку крем и честопати користитат половина од препорачаното – велат дерматолозите.
Тие советуваат дека е попаметно да се користи повисок фактор и дека кремите за сончање треба да се нанесуваат повеќе пати на ден, а со оглед на тоа дека се скапи, повеќето штедат не размислувајќи за кобните последици.
{loadposition content9}