Кој тоа ги брои ѕвездите?
Погледнете во ноќното небо. Пред вас, позади вас, околу вас се протега црно платно со безброј со топчиња светлина.
Погледнете во ноќното небо. Пред вас, позади вас, околу вас се протега црно платно со безброј со топчиња светлина. Сфаќате дека сте опкружени со светлина што патувала низ пространството на вселената за да стигне до вашите очи.
Се чувствувате толку ситни, а толку големи во исто време и сте буквално, зачудени.Но, што е она што е неверојатно? Колку ѕвезди можете да видете? Зошто се восхитувате на мистеријата и величенственоста кога можете да направите математика и сето тоа да го поедноставите.
Да започнеме со галаксиите. Како што астрономите проценуваат, постојат околу 170 милјарди галаксии во забележителниот универзум кои се протегаат на 13.8 милјарди светлосни години далеку од нас во сите правци. Галаксиите се разликуваат во однос на бројот на ѕвезди што тие го содржат.
Млечниот пат – нашиот малечок агол на забележителниот универзум има околу 400 милјарди ѕвезди.
Така што, ако го помножиме просечниот број на ѕвезди во секоја галаксија по бројот на галаксии во забележителниот универзум добиваме груба проценка на сите ѕвезди кои можеме да ги набљудуваме. Така, добиваме 1.000.000.000.000.000.000.000.000 од кои 5.000 се видливи со голо просечно човечко око. Бидејќи Земјата пречи, вие можете да видите само половина од нив од местото на коешто стоите.
Што значи дека кога гледате во небото, гледате само 2.500 ѕвезди.
{loadposition content9}